Средба на Оливер Спасовски и Ивона Талевска

Министерот Оливер Спасовски оствари работна средба со претседателката на Македонската асоцијација на новинари, Ивона Талевска, на која се разговараше за случаите со нападите врз новинарите во последните пет години, говорот на омраза и повици за насилство врз новинарите, како и мерките што ги презема МВР за зголемување на безбедноста на новинарите при известување од јавни собири.

,,Министерот Спасовски потенцираше дека сите напади врз новинари кои се случиле по 1 јуни 2017 година се расчистени од страна на Министерството за внатрешни работи,  а МВР презема низа активности за подобрување на соработката со организациите на новинарите. Министерството за внатрешни работи веќе имплементира проекти во соработка со ОБСЕ и Здружението на новинарите на Македонија за зголемување на безбедноста на новинарите, а соработката со Македонската асоцијација на новинари дополнително ќе придонесе за тоа”, се вели во соопштението.

 

 

 

29.08.2018 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега