Драстична промена на времето - подгответе се

Под влијание на топла и претежно стабилна и сува воздушна маса од југ денес и утре (четврток) времето во државава ќе биде сончево и топло со мала локална облачност додека само на планините попладне има услови за сосема ретка појава на краткотраен слаб дожд, стои во анализата на Славчо Поповски.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец додека температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.

Во петок особено во западните поредели и тоа на планинските места но и во оние населени места кој се во близина на планините ќе има локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за ретка појава на град.

За време на викендот ќе продолжи летното време со високи температури на воздухот а ќе останат условите за локален краткотраен дожд и грмежи и тоа на планинските места претежно на запад и северозапад.

 

 

 

29.08.2018 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега