Судијката Кацарска до Јанкулоска: „Да ви е здраво и живо детето"

На денешното прво рочиште во одвоената постапка Јанкулоска пред судот рече дека постојат измени во нејзините податоци и дека сега е мајка на малолетно дете. На ова судијката Добрила Кацарска која го води овој предмет му посака добро здравје на бебето на екс министерката за внатрешни работи.

„Нека ви е здраво и живо детето“, ѝ рече судијката Кацарска на обвинетата додавајќи дека нема да и ускрати ниедно право.

Кацарска ја праша Јанкулоска и на колку време ѝ треба пауза, на што обвинетата одговори дека на секои 3 часа ќе треба да појде до дома. Судијката рече дека нема да ѝ ускрати ниту едно право на Јанкулоска и ќе дозволи паузи, пренесе МКД.МК.

 

 

 

29.08.2018 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега