Тешка несреќа во Скопје: Автомобил удри велосипедист

Во 20,15 часот во Скопје на улица „Христо Татарчев“ се случила сообраќајна незгода во која 51-годишниот Џ.П. од Велика Британија, со место на живеење во Бугарија, управувајќи патничко моторно возило „Мицибуши“ со бугарска национална ознака удрил во велосипедист.

Полицијата информира дека се работи за 39-годишниот М.П. од Скопје.

По незгодата велосипедистот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

29.08.2018 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега