ВМРО-ДПМНЕ официјално ќе се откаже од парите од Собрание за кампања за референдумот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска и официјално ќе се откаже од парите од македонското Собрание за кампањата за референдумот на 30. септември.

Од пратеничката група за Press24 велат дека за одлуката за откажување од средствата, писмено ќе го известат и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Собранието за референдумот доби 1,3 милиони евра од Владата, а пријавени се 71 пратеник кои ќе агитираат за референдумот, како и Антонио Милошески кој најави бојкот на истиот.

Собранието нема да дели пари на пратениците, туку ќе закупува простор во медиумите.

 

 

 

29.08.2018 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега