Врие полиција - засилено обезбедувањето во затворот Идризово

Идризово деновиве е под силна полициска опсада откако во овој затвор, од битолскиот се префрлени осудените во случајот „Диво Насеље“, пишува Сведок.

Со пресуда на Основниот суд Скопје 1, од ноември 2017 година, седум обвинети беа осудени доживотни затворски казни, на 13 обвинети им беа изречени затворски казна во траење од 40 години, шестмина беа осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица обвинети од групата поради немање докази беа ослободени од обвиненијата.

На доживотна казна се осудени Анди Красниќи, Фејзулаки Фадуљ, Насув Бекири, Валдет Зекај, Бек Бајра, Фејзула Руштими и Деме Шеху.

 

 

 

29.08.2018 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега