Тежок викенд во Скопје: Беснееја два големи пожари

Два пожари избувнале во изминатото деноноќие во Скопје. Повредени нема, причинета е само материјална штета. 

Како што информираат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, во Долно Лисиче на улицата „12“ бр. 3 бил запален помошен објект и причинета е материјална штета од околу 120 илјади денари. Интервенирано е со пет пожарникари и две возила. 

Вториот пожар бил на улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“ број 80 во Чаир, каде била запалена гаража и помошен објект. Во гаснењето на пожарот интервенирале 12 пожарникари со четири возила од 20:50 до 22:25 часот. 

 

 

 

29.08.2018 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега