СДСМ: Се работи одговорно и домаќински, евтини летови ќе има

ВМРО-ДПМНЕ не може да престане со лажните вести, се работи одговорно и домаќински, ќе има евтини летови, реагираат од СДСМ на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заробена во нивната единствена агенда на ширење лаги и измислици, ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Владата предводена од СДСМ работи во интерес на граѓаните и со целосно почитување на законите и регулативите.

Колку и да не му се допаѓало тоа на ВМРО-ДПМНЕ, времето на договорени тендери, протекционизам и наместени тендери заврши со нивното заминување во опозиција“, велат од СДСМ и додаваат:

„Ниту една измислица на ВМРО-ДПМНЕ не може да ги побие реалните факти - запазени се законските процедури, јавниот повик е поништен затоа што предлогот не е регуларен и целосен и воедно е распишан нов јавен повик.

Граѓаните да бидат спокојни. Евтини летови и понатаму ќе има, а секој денар од Буџетот ќе биде рационално и домаќински искористен. 

Нема повеќе злоупотреба на тендери, се работи домаќински и отчетно и за сите важат подеднакви услови“ стои во соопштението на партијата.

 

 

 

 

22.08.2018 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега