Пожар во Македонија - опожарена борова и дабова шума

Околу  11:00 часот  вчера кај место викано „Цветков чукар“ во село Нов Истевник, делчевско, избувнал пожар, при што горела нискостеблеста дабова и борова шума.

На местото излегле екипи од Територијалната противпожарна единица Делчево и Шумското стопанство „Голак“-Делчево и во 15:20 часот пожарот бил изгаснат. Со пожарот биле опожарени околу 50-60 декари борова и дабова шума.

 

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево и инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување.   

 

 

 

22.08.2018 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега