СДСМ: Мицкоски избегнува да го каже својот и ставот на партијата за референдумот

На неколку недели до најважниот датум во поновата македонска историја, мнозинството граѓани и сите прогресивни сили се обединија околу македонската иднина во ЕУ и НАТО, само Христијан Мицкоски се крие зад однапред снимени обраќања и избегнува да го каже својот и ставот на неговата партија за референдумот, се вели во денешното соопштение на СДСМ..

„Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат назад во изолација и неизвесност во кои со години ја држеа Македонја па затоа одбиваат да соопштат јасен став?“, запрашуваат од СДСМ и додаваат:

„Граѓаните знаат дека придбивките и вредностите на ЕУ и НАТО се суштинска спротивност на криминалните и антидржавни практики што ги нуди ВМРО-ДПМНЕ.

На референдумот на 30-ти септември, граѓаните ќе изберат интеграција наместо изолација, иднина наместо небиднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван македонски идентитет, заштитен и загарантиран еднаш за секогаш!“, пишуваат од партијата.

 

 

 

22.08.2018 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега