Професии со највисоки плати во Македонија: Програмерите и воздухопловците во тесна трка

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јуни 2018, изнесува 24.203 денари и бележи раст во однос на јуни лани од 6,1 проценти, но и значително намалување во однос на претходниот месец објави Државниот завод за статистика. 

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење на камен  за 20,4 отсто, информации и комуникации за 16,7 отсто и преработувачка индустрија за 14,7 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување  за 14 отсто, објекти за сместување и сервисни дејности со храна 11,3 отсто и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за три отсто.

Највисока нето-плата во јуни 2018 година била исплатена за следниве работни позиции:

Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности - 56.587 денари

Воздухопловен транспорт - 56.023 денари
Телекомуникации - 46.472 денари

Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати - 43.689 денари
Вадење други руди и камен - 37.831 денар.

Најниска нето-плата во јуни 2018 година била исплатена за следниве работни позиции:

Дејности за подготовка на оброци и служење храна - 15.294 денари
Услуги поврзани со одржување згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата - 15.150 денари
Производство на кожа и слични производи од кожа - 14.962 денари
Заштитни и истражни дејности - 12.892 денари
Рибарство и аквакултура - 12.656 денари

Целосниот извештај можете да го погледнете ТУКА.
 

 

 

22.08.2018 - 08:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега