Перформанс на ВМРО-ДПМНЕ во Штип: Се переа пари во новата фонтана

Пред официјалната промоција на новиот простор пред Пензионерскиот дом во Штип, ВМРО ДПМНЕ истиот го промовираше со перформанс. Партиски активисти, денес переа пари во фонтаната, истакнувајќи дека тоа е  единствената функција на овој проект.

-Долгоочекуваниот „капитален проект“ ги чинеше штипјани 2,7 милиони денари, пари на граѓаниет. Овие капитални проекти на локланата власа, секако имаат своја намена и функција која денес сликовитео ќе ја прикажеме, рече Игор Ефтимов, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Од ВМРО ДПМНЕ реагираа и на динамиката со која овој простор се уредува:

-Иако се работи за површина од само 700 м/2 , сепак локаните власти немаа капацитет да ги завршат во реален временски период. Истиот се градеше цели 8 месеци, додека центарот ан градот беше непрооден, граѓаните паѓаа во необезбедените дупки, за на крај, резултатот од градбата да е на очиглед на сите, истакна Ефтимов, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

 

 

 

21.08.2018 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега