Драма на небото: Познатиот рапер е во авионот на кој му експлодираа гумите

Авион се заглавил во воздухот над Њу Џерси обидувајќи се да слета откако му пукнале двете гуми при полетување.

Авионот најавил полетување утринава во 10:50 часот од аеродромот во Њу Џерси, а требало да лета за Лутон во Лондон. Двете гуми експлодирале, а авионот сега кружи над регионалниот аеродром Вестфилд Барнс во Масачусетс подготвувајќи се за итно слетување, известува  ABC 7.

Итната помош е на пат кон аеродромот во случај да дојде до рушење на авионот.

Раперот Пост Малон е еден од 16-те пријавени патници во авионот, навел на својот Твитер профил шефот на канцеларијата Политико Рајан Хачинс, пишува rt.com.

Со кружењето во воздухот авионот се ослободува од резервоарите за гас, со што ќе се намали ризикот од пожар при слетување.

 

 

 

 

21.08.2018 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега