Го држела за рака, но била свесна дека е мртов: Детали за смртта на момчето кое го удри гром во море

Ирем Каришиќ, 26-годишното момче од Сараево, бил во море кај Сплит кога започнало силното невреме и го удрило гром.

-Ние кои го видовме тоа, не можеме лесно да заборавиме. Не знам дали беше само лоша среќа или нешто друго. Девојката беше на само метар од него и нема никакви повреди - вели Перо П. сопт=ственик на првата куќа во Мутограс, каде во неделата во 18 часот загина Каришиќ.

Девојката веднаш почнала да бара помош и се обидувала да го извлече на копно.

Мештаните веднаш дотрчале.

-Ќерка ми и зет ми први стигнаа. Ѝ помогнаа на девојката да го извлече момчето, а се обидоа да го реанимираат додека дојдат докторите, кои пристигнаа многу брзо. Ќерка ми го држеше за рака, но беше свесна дека е мртов и не може да се спаси. Цела ноќ не спиеше, вели дека не може да забраови - рекол Перо П.

 

 

 

 

21.08.2018 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега