ЕКСКЛУЗИВНО: Сашо Тасевски нов директор на БЈБ на местото на разрешениот Велковски

Сашо Тасевски е назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност, ексклузивно дознава Press24 од високи извори во МВР. Одлуката се очекува утре да помине на седница на Владата.

Тасевски кој во јавноста стана познат како полицискиот службеник од обезбедувањето на премиерот кој извади огнено оружје и пукаше во инцидентите во Собранието на 27 април доаѓа на местото на разрешениот Лазо Велковски кој изгпоре во аферата "МВР Турс" Сашо Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност во Идризово. Од 2001 година има работено кај претседателот на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На почетокот на кариерата бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Има посетувано курс за обезбедување ВИП личности во САД, во 2004 година.

 

 

 

21.08.2018 - 19:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега