Обилни врнежи и грмежи попладнево, невреме се ближи кон Скопје - останете дома

Во Битола и регионот попладнево беснее невреме, проследено со пороен дожд, грмежи и умерен северен ветер кој достигнуваше брзина до 47 километри на час, соопшти УХМР. Нестабилно беше и во околината на Претор, каде што имаше краткотраен пороен дожд со грмежи. Исто така, и северно од Скопската Котлина, во планинскиот дел, имаше краткотраен пороен дожд и грмежи.

До крајот на денот нестабилноста постепено ќе се намалува, а во вечерните и ноќните часови ќе преовладува стабилно време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Попладне во северозападните планински предели ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе биде 8. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервал од 29 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Температурите ќе се движат од 16 до 34 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, а в сабота услови за нестабилност ќе има на повеќе места. Позначителна промена на времето се очекува од недела кон крајот на денот и в понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер.

 

 

 

21.08.2018 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега