За шест години Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница

Започнува изградбата на подземна сообраќајница со должина од осумстотини метри, во центарот на Скопје. Ќе се гради под Јужниот булевар, објави Телма.

Досега во Скопје не се граделе подземни сообраќајници и ова е прва од таков тип. Треба да биде изградена за шест години, а целата изведба ќе чини околу 250 милиони евра, изјави Шилегов за Телма.

Компанијата „Лимак“ во март 2012 година купи плац зад Старата железничка, за да гради надземен комплекс со површина од околу 300.000 метри квадратни.

Како дел од договорот, тие се обврзаа дека ќе ја изведат сообраќајницата пред да почнат да го градат новиот комплекс во височина.

Шилегов вели дека оваа подземна сообраќајница досега требало да биде изградена и во функција. Но, документите за изградба пет години се преместувале од фиока во фиока, низ административните лавиринти во Град Скопје.

Градските служби поставиле таканаречени бајпас зони, односно, зони за движење кои се протегаат од улицата Железничка до Мито Хаџивасилев Јасмин. Сето тоа треба да им го олесни движењето на скопјани се додека трае изменетиот сообраќаен режим.

Досега, бројни беа напорите да се изгради патна врска којашто ќе ги поврзе источните и западните делови од главниот град. Станува збор за врска којашто ќе може да прими голем дел од сообраќајниот проток кој се движи на релациите од Аеродром и Кисела Вода, до Карпош и Ѓорче Петров.

До крајот на првата половина од септември треба да биде објавен тендерот за проектирање на тунелите под Кале, а наредната година тие да почнат и да се градат.

 

 

 

 

21.08.2018 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега