ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ постојано ја задолжува државата, а нема капитални инвестиции

СДСМ во опозиција ветуваше дека нема да се задолжува, а откако дојде на власт секојдневно сме сведоци на нови задолжувања. Откако СДСМ е на власт за прв пат во историјата на Република Македонија јавниот долг на државата е пробиена психолошката граница од 5 милијарди евра, додека државниот 4 милијарди евра. Само во месец август до сега СДСМ ги задолжи граѓаните повеќе од 43 милиони евра, а од почетокот на годината долгот е зголемен за стотици милиони евра. Криминалниот картел на СДСМ постојано ја задолжува државата, а нема капитални инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Реализираните капитални инвестиции во првата половина на 2018 година е катастрофално ниски 16,6% од планираните инвестиции. На што се трошат милионите евра задолжувања на Република Македонија кога ништо не се работи на терен.  Сите проекти кои ги започна владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се запрени и ништо не се  гради и немаат остварени ништо од тоа што го ветуваа, стои во реакцијата и се додава:

„Повеќе од година дена државата е во застој, а владата на СДСМ расипнички ги задолжува идните генерации на Република Македонија. Се што видовме до сега од власта се  скандали и афери како криминалните иновации и скандалозни и сомнителни тендери каде се богатат партиски функционери и луѓе блиски до СДСМ. СДСМ ја донесе Република Македонија во пропаст, економијата го достигна дното. СДСМ не е способен да ја води државата. Време е СДСМ да си замине за Македонија и граѓаните да одат напред. Македонија ќе победи!“.

 

 

 

21.08.2018 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега