СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја злоупотребуваше јавната админстрација

ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја злоупотребуваше јавната админстрација, време е да научи за концептите на одговорност и отчетност, пишува во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Времето на партизирање, злоупотреби на институциите и притисоци врз вработените во администрацијата заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Во отсуство на аргументи и пред се во отсуство на разбирање на концептите на праведност, еднаквост, одговорност и отчетност ВМРО-ДПМНЕ објавува документи со кои само го потврдува тоа што Владата и Министерството за информатичко општество и администрација веќе неколку денови транспарентно го тврдат - сите институции мора да ги почитуваат законите.

Заканите, заплашувањата, одењето од врата на врата и во одредени случаи малтретирањето на јавните службеници се одлика на владеењето ВМРО-ДПМНЕ и тоа граѓаните многу добро го дознаа од разговорите што деновиве беа објавувани како дел од судскиот процес против поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена до СДСМ работи отчетно и единствено во интерес на граѓаните. Нема манипулации, нема затксривања како за време на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. За прв пат Владата го објави и вкупниот број вработени во јавната администрација, како и бројот на лица вработени преку агенцијата за времени вработувања.

ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во матрицата на лажни вести и измислици“, пишува во реакцијата на СДСМ.

 

 

 

21.08.2018 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега