Јанушев: Се прави дефокус од аферите на власта со лажни теми за разрешувањето на потсекретарите на ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во своето гостување во вестите на Канал 5 телевизија вели дека се прави дефокус од аферите на власта со лажни теми за разрешувањето на потсекретарите во партијата. Тој објаснува дека станува збор за нормална појава и вреднување на трудот и дека дел од потсекретарите се распоредени на други позиции.

Јанушев вели дека секретаријатот како тело кога било формирано пред повеќе од половина година со 60-тина луѓе кои што добија конкретни насоки и задачи. При самото формирање на сите им било кажано дека периодот кој следи ќе биде тест период за сите нив, односно како ќе се позиционираат и како ќе ја извршуваат работата.

– Во таа насока извршување на задачите и насоките се потребни не повеќе од 20 луѓе, дел од луѓето се тргнати од секретаријатот дел од луѓето добиле поинакви насоки и задачи. Дел од оние кои што немаат добиено партиски задачи и насоки, во зависност од потребите на партијата ќе бидат ангажирани, вели Јанушев.

Секретарот на ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла наводите дека во прашање политичките ставови и гледишта, туку дека се работи за еден нормален процес во една партија да се вреднува трудот.

Станува збор за процес во кој се вреднува трудот како што вели Јанушев да се применува мерит системот за евалуација на сработеното и исполнување на работните задачи.

 

 

 

21.08.2018 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега