Ако утврди елементи на кривично дело ОЈО ќе реагира за говорот на омраза од Бачев кон Албанците

Јавното обвинителство соопшти дека ги следи сите информации во врска со говорот на омраза изречен од политички субјекти во Македонија и доколку се утврди дека постојат елементи за кривично дело ќе покрене постапка, објави ТВ 21.
 
ОЈО ќе реагира во врска со изречените навреди кон Албанците во земјава од лидерот на партијата „Единствена Македонија’“, Јанко Бачев, кој партиите на Албанците ги нарече „шиптарски“.

Бачев, лидерот на проруската „Единствена Македонија“ ова го изјави пред седиштето на Владата, каде што вчера со своите истомисленици, против референдумот за Преспанскиот договор на 30 септември, дојдоа да бараат пари за пропагандна кампања за бојкот на гласањето, меѓудругото и од даночните обврзници – Албанци во Македонија.

ОсновнОто обвинителство не реагираше за случајотсоа Страшко Олумчев. Инаку, говорот на омраза е кривично дело, за кое се предвидува казна од една до пет години затвор.

 

 

 

21.08.2018 - 16:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега