Во Скопје подигнати и реконструирани над 50 илјади метри квадратни зелени површини

Екипите на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во периодот од јануари до јуни годинава на површина од 7.566 метри квадратни, по должината на булеварите, улиците, во парковите и во вонградското зеленило засадиле 313.601 цвеќе од повеќе видови.

Град Скопје информира дека во изминатите шест месеци биле подигнати поголем број нови зелени површини во главниот град, а постојните биле реконструирани.

- Во првата половина од годинава беа подигнати и реконструирани 50.690 метри квадратни зелени површини, односно 35 отсто повеќе од истиот период лани, кога биле подигнати 37.557 метри квадратни зеленило, стои во соопштението.

По подолг период годинава е набавена нова механизација за ЈП „Паркови и зеленило“, за оптимално одржување на зеленилото во градот. Набавени се седум тракторски тревокосачки со корпа, 10 моторни тревокосачки, шест моторни пили, 20 моторни коси, 15 ротациони тревокосачки, 30 моторни грбни дувалки за лисја и друга опрема.

Популарните излетнички места, рекреативните центри и парковите во Скопје биле збогатени со нова урбана опрема. Во парк-шумата „Водно“ поставени се четири видиковци, петнаесетина комплети со клупи и маси и две заштитни дрвени огради во вкупна должина од 280 метри. Во СРЦ „Сарај“ се изработени два видиковци, во Паркот на природата „Гази Баба“ се изработени два видиковци, а во паркот во Чаир е поставен еден видиковец и два рекреативни елементи.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ одржуваат 51.837.915 метри квадратни градско и вонградско зеленило на подрачјето на Град Скопје. 

 

 

 

21.08.2018 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега