ФОТО: Американската армија не нарече „северномакедонци“, па се извини

На официјалниот Јутјуб канал на американската армија во Европа завчера беше  објавена информацијата дека на воените вежби на воениот полигон Криволак војската на САД работи на подобрување на интероперабилноста со северномакедонските војници.

Но вчера вечерта видеото од Јутјуб каналот на Американската армија во Европа, на кое пишуваше дека се извршуваат вежби на Криволак е тргнато.

Вчера доцна попладнето на официјалниот Твитер профил на Американската војска во Европа стигна извинување за, како што велат ненамерната грешка, при именувањето на македонските војници како северномакедонски.

 

 

 

 

21.08.2018 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа