Утре ќе се одлучува за името кое ќе го замени Лазе Велковски

Пред утрешната седница во Собранието, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и владиниот врв ќе го разгледуваат името за кандидат на нов директор на БЈБ, објави Телма.

Министерот Спасовски не прецизираше дали е избрано име за нов директор од неколкуте кандидати, кој ќе го замени Лазе Велковски.

„Разгледувам неколку предлози, не може да кажам дали сите се од МВР, утре ќе имате повеќе информации“, изјави Спасовски за Телма.

Доколку се избере кандидат, Спасовски како министер ќе го предложи, а владата ќе го разгледува и ќе гласа за предлогот. Состанокот е за да се убрза постапката со тоа што ќе се утврди дали некој од кандидатите е прифатлив.

На дневниот ред за утрешната седница на владата се уште не е ставена точката за кадровскаи прашања меѓу кои е и изборот на нов директор на Бирото за јавна безбедност. Точно една недела Бирото нема директор и со него раководи заменик директорот Бесир Деари кој и покрај повеќе од една деценија на истата позиција имал проблеми во вршењето на функцијата, како што тврдат извори од МВР. 

 

 

 

21.08.2018 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега