На 11 септември одново судење за тужбата на Ахмети и Џафери против Богоевски

На 11 септември во граѓанскиот суд во Скопје од почеток треба да почне судењето за ексразузнавачот Слободан Богоевски по тужбата за навреда и клевета од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и Муса Џафери. 

Како што објави „Макфакс“,  Апелациониот суд во Скопје пред 3 месеци ја укина пресудата на скопска двојка. Судиите од второстепениот суд предметот со насоки за натамошно постапување го вратиле на повторно судење. Тоа значи дека првите луѓе на ДУИ од почеток во граѓанскиот суд во Скопје ќе мора да докажуваат дека Слободан Богоевски ги наклеветил и дека со тоа им нанел штета на честа и угледот.


Апелационите судии утврдиле дека првостепениот суд сторил серија повреди на постапката и дека е нејасна.

Али Ахмети и Муса Џафери  го тужат ексразузнавачот Слободан Богоевски за навреда и клевета за неговото сведоштво пред Окружниот суд во Њујорк за случајот „Маѓар Телеком“.  Како отштета во овој процес Ахмети побаруваше 3 милиони денари, а Џафери 2,5 милиони денари, но подоцна се откажаа од исплата на паричниот надомест како отштета и бараа извинување.

 

 

 

21.08.2018 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега