Влада: Надлежните да преземат мерки за Јанко Бачев

Владата денеска го осуди, како што се наведува, „говорот на омраза и омаловажувањето на етничка основа во изјавите на „претставниците на политичките структури кои имаат задача да ја бојкотираат иднината на Македонија“, реагирајќи на вчерашната изјава на Јанко Бачев, лидерот на проруската партија „Единствена Македонија“.

- „Македонија е демократска земја во која изминативе децении не се случило политичар јавно и преку медиуми да користи изрази кои омаловажуваат граѓани со погрдни зборови на етничка основа. Ваквото ширење омраза е штетно за демократијата, штетно за државата и за граѓаните, истото треба да биде осудено и изолирано од сите чинители во општеството. Очекуваме дека надлежните институции ќе преземат соодветни чекори со цел ваков речник да не се повтори“, изјави за Радио Слободна Европа, владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

„Ваквите појави покажуваат за каква Македонија се залагаат структурите кои имаат задача да ја бојкотираат иднината“, вели Бошњаковски.

Бачев, лидерот на „Единствена Македонија“, партија пандан на путиновата „Единствена Русија“, вчера, на протест пред Владата, албанските партии во Македонија ги нарече „шиптарски“.

 

 

 

21.08.2018 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа