За пиво направил хаос во маркет во Струга - интервенирала полиција

Синоќа во Струга во маркет на улица „Маршал Тито“ 29-годишниот М.И. од Струга под дејство на алкохол влегол во маркетот и  побарал пиво, а потоа во еден момент ја превртeл сталажата за наочари, по што упатувал закани по животот кон вработените.

Од страна на полициски службеници тој бил приведен во Полициска станица Струга за понатамошна постапка.

 

 

 

20.08.2018 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега