Протест за изградбата на гасовод на Водно - граѓаните порачаа „битката не е изгубена"

Битката за Водно сè уште не е изгубена, порачаа на денешниот протест против изградбата на гасоводот од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“. На протестотво близина на Милениумскиот крст, на граѓанските иницијативи им се придружија околу стотина граѓани, планинари и велосипедисти кои на големото платно на кое пишуваше „Не низ Водно“ испишаа пораки.

- „Во јавноста се говори дека битката за Водно е изгубена, дека гасоводната траса мора да оди низ овој дел од парк шумата. Ние сме тука да порачаме дека таа битка сè уште не е изгубена и да докажеме дека здравјето на граѓаните на Скопје е пред битката за профитот, односно од тој наводеден бенефит од гасоводот. Ние не сме против гасификација, туку бараме тој да минува низ северната страна на Водно. Сакаме да повториме дека овој гасовод не е за Скопје туку за Тетово и Гостивар. Скопје веќе 20 години има гасовод, но нема терцијална и секундарна мрежа. Исто така, мрежа немаат ниту Тетово и Гостивар. Додека се проектира мрежата има време да се најде и нова траса низ која ќе минува гасоводот“, рече Анреа Јанков од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“, пренесе СДК.МК.

Владата не отстапуваат од планот градежните работи за гасоводот да се одвиваат по јужната страна на планината. 

 

 

 

19.08.2018 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега