Нов закон ќе удри по кладилниците и казината низ Македонија: На овие места тие ќе бидат забранети

Новиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа, кој влезе во собраниска процедура предвидува казината и обложувалниците каде што се приредуваат игри на среќа, задолжително да бидат оддалечени најмалку 500 метри од факултети, универзитети, институти, библиотеки, детски градинки, домови за згрижување деца без родители и сл.

Како што пишува макфакс, оддалеченоста на просторијата до објектот каде се одржуваат игри на среќа се утврдува од границата на градежната парцела на која е изграден објектот, а потврда издава општината.

Овие измени се поставени како точка на собраниската седница на 29 август.

 

 

 

19.08.2018 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега