Детали за трагедијата: Параглајдеристите се судриле во воздух по полетувањето

Педесет и шестгодшниот И.В. од Украина и педесет и четиригодишниот И.П. од Велика Британија се двајцата параглајдеристи кои вчера ги загубија животите во несреќа што се случи во Крушево.

Според полицијата, до трагедијата дошло вчера во 12,30 часот кај Мечкин камен, за време на турнирот за параглајдери British Open Championship 2018, кога двајца параглајдеристи се судриле веднаш по полетувањето. 

Од ОЈО соопштија дека во текот на вчерашниот ден, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп во соработка со екипата на крим-техника од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото каде двајца параглајдеристи ги загубија животите. Во насока на расветлување на настанот издадена е наредба за обезбедување на траги и докази, наредба за симнување на видео запис и наредби за исчитување на податоците од лајф-трекер системите на параглајдерите.

 

 

 

18.08.2018 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега