Возило излета од патот кај Сарај и се преврте

Вчера во 16 часот на локалниот пат Сарај-Глумово, наспроти езеро „Треска“, патничко возило „Форд КА“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Р. (27) од Скопје, излетало од коловозот и се превртело. 

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила З.Р.  додека со телесни повреди се здобиле две деца-сопатници на возраст од 16 и девет години. Со друго возило тие биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

По укажаната помош З.Р. била задржана на понатамошно лекување, додека децата биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. 

 

 

 

14.08.2018 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега