Нов скандал го стресе МВР: Шефот на „Алфите“ со службено возило на викенд во Охрид

На денот кога Владата на Македонија на седница треба да одлучи за разрешувањето на  Лазо Велковски, директор на Бирото за јавна безбедност, чија ќерка со службен џип на Министерството за внатрешни работи замина на летување во Грција, Независен обелодени нов скандал во МВР.

Примислав Димовски, командант на единицата „Алфа“, изминатиот викенд со службен автомобил „шкода“ престојувал во Охрид, каде што, наводно, требало да присуствува на свадба кај ќерка на негов пријател во еден од угостителските комплекси до езерото. неговите блиски за независен потврдија оти тој навистина бил во Охрид, но демантираат дека присуствувал на свадба, односно дека природата на неговата посета била приватна. 

Примислав Димовски е поранешен истакнат боксер, неколкукратен државен првак, кој пред неколку месеци беше поставен и за претседател на Боксерската федерација на Македонија. На чело на „алфите“ беше именуван секојпат кога со МВР раководеше Оливер Спасовски, па дури и кога беше технички министер во владата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Пред само десетина дена полициски џип на МВР беше сликан на грчка патарина и пред грчкиот камп Евридики. По внатрешната истрага што ја спроведе, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утврдил дека не била запазена процедурата за службено патување и, и покрај налогот, не било потпишано решение за службено патување. 

 

 

 

14.08.2018 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега