Циклон доаѓа кон Македонија: Спремете се за „Глорија", носи силно невреме

Во текот на денов облачноста од југозапад малку ќе се зголеми па времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, стои во временската на Славчо Поповски.

Под влијание на висинскиот циклон Глорија доцна попладне и навечер ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите можно е да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град па поради ваквата ситуација на граѓаните ги советуваме да бидат внимателни.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени.

Глорија ќе се задржи и во следните денови и ќе условува нестабилност, локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер а можно е и локално невреме.

 

 

 

14.08.2018 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега