Дете се заби во автобус во Скопје - итно во болница

Во скопско Дељадровце, вчера во 15:30 часот, се случила сообраќајна незгода помеѓу  мотоцикл „Хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од 11-годишник од село Дељадровци и автобус „ЛАЗ“ со скопски регистарски ознаки, линија број 66, управуван од 48-годишниот М.Б.од истото село. 

Од незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „СВ.Наум Охридски“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. 

 

 

 

14.08.2018 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега