СДСМ: Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став за најважните прашања за државата
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле за рефереднумот, немаат јасен став за најважните прашања за државата и граѓаните.
Цела деценија ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за референдум и право на граѓаните да го изберат патот по кој ќе се движи државата во иднина а сега кога референдумот е извесност немаат јасен став.
Тоа говори за несериозниот, неодговорен однос на оваа опозициона партија и нејзиното раководство кон граѓаните и иднината на државата.
ЕУ и НАТО се нашата иднина. Секој што е за просперитетна иднина, со зачуван и зајакнат идентитет ќе го поддржи рефереднумот на кој граѓаните ќе го имаат последниот збор.
Време е Мицкоскли да докаже на дело за што е. Ако е за иднина на Македонија во НАТО и ЕУ треба да ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина.
Во спротивно, Мицкоски ќе покаже дека лаже и дека всушност е за одбрана на криминалот на неговиот претходник, за изолација, назадување и неизвесност.
Граѓаните нема да дозволат однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ја закочи македонската иднина.
На 30 септември, граѓаните, слободно и достоинствено на референдум ќе дадат поддршка за влез на Македонија во ЕУ и НАТО, преку прифаќање на Договорот со Грција.
Граѓаните се јасно определни за иднина.
ДА за македонската иднина.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа