За половина час оваа населба во Скопје ќе биде без вода

Без вода денеска од 10 часот ќе бидат корисниците од населбата Маџар Маало во општина Центар.

Од ЈП Водовод и Канализација, соопштија дека причина за прекинот во водоснабдувањето е дефект на водоводна цевка од Ф 6/4 на ул. Преспанска бр.21 .

Поради дефект на приклучна цевка од ф-1“ на ул. „Шандор Петефи“ 13, во населба Драчево, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Шандор Петефи“, „Славчо Стоименов“ и дел од „Славка Димкова“.

Како то соопшти РЦУК-Скопје по известување добиено од ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:15 до завршување на работите. 

 

 

 

14.08.2018 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега