Лазе Велковски останува во МВР дури и Владата да го прифати разрешувањето

Лазе Велковски, директор на Бирото за јавна безбедност, ќе остане во МВР, дури и ако Владата на утрешната седница го прифати предлогот за негово разрешување.

Заев денеска истакна дека смета дека Велковски е исклучително важен за службата и еден од неговите први соработници, како и еден од првите соработници на министерот Спасовски.

„Исправен пред заканите за него и за неговото семејство, Велковски ја направил грешката. Владата утре ќе го разгледа предлогот за негово разрешување и ќе донесе одлука. Не сме размислувале кој ќе го наследи доколку предлогот биде прифатен, веројатно ќе ни треба време за одлуката“, рече премиерот Заев.

Видео: А1.он

 

 

 

13.08.2018 - 23:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега