Шимшировиот молец го „нападна" Водно - доцна е за прскање

Град Скопје утврдил дека шимшировиот молец кој втора година ја напаѓа Матка и околината, ја нападнал и планината Водно и дека е предоцна да се прска.

– Стручните лица на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве беа на терен каде ја детектираа појавата на гасеницата, т.н. молец на зеленика (cydalima perspectalis walker) во парк-шумата Водно и дел од Сарај, која има штетен ефект на дрвјата. По консултации со стручни лица од Шумарскиот факултет, констатирано е дека оваа година е доцна да се третира против овој инсект, дека е потребно да се следи состојбата и наредната година, кога временските услови ќе бидат оптимални, доколку има потреба да се интервенира преку авионско прскање со посебни препарати – велат од Градот за Плусинфо.

Се најавува дека идната година Градот Скопје во својата програма за дезинсекција ќе ја додаде и ставката за третирање на оваа гасеница, која доколку повторно се појави ќе се третира.

 

 

 

13.08.2018 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега