Бугарски академик: Драмата на Македонците е што дедовците им се Бугари

Георги Марков, бугарски академик и историчар се осврна на зборовите се надоврза на бурата во Бугарија што ја предизвика македонскиот премиер Зоран Заев.

- „Не му пречиме никому да се определува како Македонец, но нивната драма е тоа што дедовците им биле Бугари. Затоа, не чепкајте по гробовите на загинатите за да копате по нивните коски и да ги помакедончувате посмртно! Затоа што тоа е морален престап“, изјави за бугарскиот весник „24 часа“ директорот на Институт по историја при Бугарска академија на науките (БАН) од 1993 до 2013 година.

Тајниот соработник од 1981 година на Прва главна управа на Државна безбедност е категоричен и за „бугарскиот карактер“ на Илинденското востание.

„Тоа е бугарско востание според сите документи, па и странските конзули на големите држави велат дека во него учествуваат Бугари. Никаде го нема зборот Македонци“, вели Марков.

 

 

 

13.08.2018 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега