Лика пак му се налути на Ахмети - не дојде на одбележувањето на Рамковниот

Вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор, Хазби Лика не присуствуваше на денешното одбележување на годишнина од потпишувањето на договорот, а неофицијално како што пренесува Фокус причина е Бујар Османи. 

Неофицијално тој му е лут на лидерот на ДУИ Али Ахмети затоа што организацијата по повод годишната ја организирал вицепремиерот Османи, а не како изминатите 16 години – секретаријатот за рамковен кој што сега е во рацете на Лика.

Ова е првпат вицепремиер за Рамковен да не присуствува на годишнина од потпишувањето на документот.

Пред некое време медиумите објавија дека Лика неколку месеци не одел на работа бидејќи му бил лут на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Овој пат причина било тоа што Лика бил  револтиран од  Ахмети, затоа што не добил поддршка од него во внатрепартиска. 

 

 

 

13.08.2018 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега