ВМРО-ДПМНЕ: Државата нема да тргне ни милиметар додека СДСМ се на власт

Република Македонија со Зоран Заев на власт е претворена во приватна сопственост на картелот на власт. Државата е ставена во функција на функционерите на власта и нивните фирми, кои од Буџетот ги исцицуваат парите на граѓаните.

Државата не може да тргне ниту милиметар кон ЕУ и НАТО, се додека Република Македонија е најспомнувана држава во светот по криминал и корупција. Нема еден светски медиум кој не изрази разочарување за криминогеноста на власта. Тоа е показател колку е уназадена државата откако Заев и СДСМ се на власт.

Зоран Заев ја уназадува државата во секој поглед. Договорот со Грција со кој толку многу се фали е најголемиот капитулантски чин во историјата на државата. Ниту еден обид нема да ја промени реалноста дека договорот е штетен за Република Македонија и нејзините граѓани.

Заев прифати промена на името за севкупна употреба, промена на јазикот, идентитетот, кодовите и уште голем број други отстапки, кои се на директна штета на Република Македонија.

Заев создава држава базирана на поделби и на криминал. Криминалот царува на секаде, од улиците до државната управа и самата влада. Криминалот е првото име на оваа влада.

Република Македонија може да тргне напред, само кога криминалот ќе биде победен. СДСМ нема капацитет да ја води државата и мора да си замине, во интерес на државата и граѓаните.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

13.08.2018 - 17:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега