Скопјани се гушат и среде лето - во оваа населба е најзагадено

Станицата во Гази Баба, која го мери квалитетот на воздухот во околината, последниве денови регистрирала загрижувачи податоци, пренесе Телма.

Штетните ПМ честички, кои се главен проблем на скопјани во зима, овојпат се присутни во воздухот среде лето. 

Од Министерството за животна средина и просторно планирање ги контролираат сите мерни станици, а ќе ја тестираат исправноста на станицата во Гази Баба која викендов измери 458 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, во случај таа да е дефектна.

„Во врска со измерените концентрации на ПМ10 честички во Гази Баба изминатиов викенд, податоците и самиот инструмент се под понатамошен надзор, со тоа што инструментот ќе се тестира и ако е потребно ќе се сервисира“, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

 

 

13.08.2018 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега