Нова анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ со раст на рејтингот, кај СДСМ пад на довербата
Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе две кратки истражувања во периодот помеѓу 13 и 17 Јуни и помеѓу 6 и 10 Август 2018 на 1105 (Јуни) и 1110 (Август) полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањата граѓаните ги изразуваа своите ставови за поддршката на политичките партии, а во второто истражување и ставовите за претстојниот референдум.
Целта на истражувањата беше да се анализира ефектот на договорот со Грција врз поддршката кон политичките партии.
Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ во август годинава пораснал на 25 проценти во однос на јуни годинава, додека на СДСМ паднал на 24 проценти во однос на јуни кога бележел 26.1 процент.
Оваа анкета е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ веќе има тенденција на раст на рејтингот која се покажува на повеќе анкети.
Последната анкета на MCMS исто така покажуваше раст на рејтингот од над 3 проценти, додека СДСМ имаше пад на довербата.
Се работи за тенденција која е резултат на поголемиот активизам на ВМРО-ДПМНЕ и ангажираноста на Мицкоски.
Добрата лидерска дебата како и отпорноста на препреки како што се надворешни и внатрешни и внатрешни наспроти аферите кај СДСМ, неостварените очекувања и договорот со Грција чие што негативно влијание ќе се осети уште дополнително во септември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа