Каде ќе летуваат открија само Дескоска и Филипче, останатите оставаат Владата да соопшти каде се

Најголем дел од министрите во Владата заминуваат на годишен одмор, но не кажуваат каде ќе летуваат. На прашањата од „Макфакс“ за тоа каде, кога и колку денови ќе летуваат, одговорија само министерката за правда, Рената Дескоска, и министерот за здравство, Венко Филипче.

„Утре одам во Охрид. Не знам точно колку дена, ќе зависи од обврските што може да излезат“, изјави за „Макфакс“ министерката Дескоска.

 

И министерот за здравство, Венко Филипе, без двоумење одговори на прашањата за годишниот одмор.

„Утре одам за Грција. Ќе останам една недела“, кусо  изјави за „Макфакс“ министерот Филипче.

Другите министри во Владата на Зоран Заев не сакаа да одговорат на прашањата. Посочија дека ги пријавиле одморите кај нивниот работодавач – Владата и дека сите информации треба да ги бараме од нив.

Миле Бошњаковски, портпарол на Влада, најави дека во скоро време ќе биде готова листата со одморите на министрите и на премиерот.

 

 

 

03.08.2018 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега