Заев: Не сакам ни да размислувам што ако не успее референдумот

Премиерот Заев воопшто не сака ни да размислува на опцијата што ако не успее референдумот.

„Не сакам ни да помислам што доколку не биде исполнет цензусот. Ако сега не го постигнеме кога. Ова е историска одлука. Оваа одлука можат да ја донесат само граѓаните. И драго ми е што навистина имаме можност преку врвната алатка во демократијата референдумот тоа да го направат. Јас донесов одлука, министрите околу мене донесоа одлука. Собранието донесе одлука.“ – вели Премиерот Заев.

Тој апелира референдумот да се сфати сериозно.

„Знаеме дека е тешко но знаеме и колку е важно. Важно за државата и од тој аспект апелирам граѓаните овој процес да го сфатат сериозно. Само граѓаните можат да ја гарантираат иднината. Од тој аспект не размислувам за неуспешен референдум. Сите знаеме дека огромно мнозинство ќе бидат за и тоа е таа волја на граѓаните.

Граѓаните може да одлучат да останат и дома. Знам дека ова не е дозволиво. Во тој случај сепак тие ја пренесуваат одлуката на институциите. Не сакам ниту да зборувам што ако референдумот не успее.

Апелирам одговрноста е на секој. “ – вели Заев.

 

 

 

31.07.2018 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега