Заев убеден: ВМРО-ДПМНЕ нема да повика на бојкот и референдумот ќе успее

Премиерот Заев е убеден дека референдумот ќе успее и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да повика на бојкот

ВМРО-ДПМНЕ знаат што значи да се повикат на бојкот и проблемот со името. Дури и тајно да дадат задача за бојкот ќе ја знаеме сите, па негувам мотив дека референдумот ќе успее во делот на цензусот, вели тој.

Заев вели дека ако референдумот не успее, на ред ќе биде собранието да донесе одлука.

Додава дека ако граѓаните заклучат дека прашањето им е тешко може да одлучат и да останат дома.

 „Знам дека ова не е дозволиво. Во тој случај сепак тие ја пренесуваат одлуката на институциите. Не сакам ниту да зборувам што ако референдумот не успее.“ – вели Заев.

Апелира дека одговорноста е на секој и нема АКО. - Да си ја преземеме одговорноста, за своето семејство и Македонија, но да излеземе на референдум, а опцијата е За и Против, а дали да излеземе нема ако сме вистински патриоти, вели тој.

 

 

 

31.07.2018 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега