Заев до членството на ВМРО-ДПМНЕ: Имате обврска да гласате на референдумот

Премиерот Заев во своето обраќање до граѓаните им порача на членовите на ВМРО-ДПМНЕ дека имаат обврска да гласаат на референдумот.

„Вам вратата ви е отворена исто како што е отворена вратата за успех на цела Македонија и сите граѓани. Јас лично преземав иницијатива и направив чекор затоа што е важно за Македонија и за иднината. И вие како и сите граѓани имате обврска да направите чекор. Направете го вистинскиот чекор. Ова е моментов за одлуката. Сега е време за татковината. Време е за патриотски одлуки.
Од денеска тргнуваме силно и никој не може да не спречи. Како никогаш порано решителни Македонија да успее.“ – изјави Заев

 

 

 

31.07.2018 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега