Џафери: Законот за јазиците ќе се објави во службен весник по референдумот заедно со Договорот со Грција

Пред референдумот, закажан за 30 септември, претседателот на Собранието Талат Џафери нема да го објави во Службен весник Договорот со Грција за името Република Северна Македонија.

Ова тој денеска го кажа на средба со новинарите во Собранието.

- „Не е важно дали пред или после изјаснувањето на референдум ќе биде објавен Договорот со Грција. Ќе го чекаме референдумот, за да имаме соодветно мислење од граѓаните. Не треба да ги силуваме работите”, рече Џафери на денешниот брифинг.

Кажа дека истовремено ќе биде објавен и од поодамна донесениот Законот за употреба на јазиците.

- „Ова и поради претседателот на Македонија. Не може указ по указ да му носиме”, рече Џафери.

 

 

 

31.07.2018 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега