Анѓушев: Не се важни моите компании, важно е да одиме во ЕУ и НАТО

Парите кои ќе бидат издвоени за организирање на референдумот битно нема да го променат износот на пари од буџетот наменети за капитални инвестиции кои во наредниот период ќе се реализираат со побрзо темпо од првите шест месеци, тврди вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

– Вчера слушнавме дека сумата која е потребна за организирање на референдумот е 3,5 милиони евра. Тоа е е под 1 отсто од вкупните 400 милиони евра кои се издвојуваат од буџетот за реализација на капитални инвестиции и таа сума нема битно да влијае на реализацијата на капиталните инвестиции рече Анѓушев, додавајќи дека економски раст на државата и позитивниот референдум треба да прикажат подобра слика за државата и дека референдумот ќе има позитивно влијание.

Запрашан за неговите компании, од кои една се повлече од грантот на Фондот за иновации, а фирмите Брако и Каст-инвест од списокот можни добитници на државни пари од Агенцијата за странски инвестиции, Анѓушев рече дека не се битни тие компании.

 

-Нема никаков конфликт на интереси и заобиколување на законите. Престана делењето пари зад затвори врати и класифицирани договори. Компаниите кои ги задоволуваат законските критериуми имаат право да аплицираат. Сепак овие компании се повлекоа не поради конфликт на интереси туку затоа што сензитивноста кај јавноста е голема после подолг период. Не се битни тие две компании, ако се проблем нема да аплицираат. Треаба да гледаме што е добро за целата економија. Бројките покажуваат дека целата економија се раздвижува – рече Анѓушев.

 

 

 

31.07.2018 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега