ОМД: Бојкот е единствениот достоинствен одговор на референдумот

ОМД со соопштение реагираа на референдумот за името.

„Вчера, на незаконски начин претседателот на Собранието Талат Џафери распиша консултативен референдум со 68 гласови ЗА и без ниту еден глас ПРОТИВ или ВОЗДРЖАН. Владејачкиот блок на СДСМ, ДУИ и БЕСА, без присуство на пратениците од опозициската ВМРО-ДМПНЕ, усвои референдумско прашање кое гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

Вака поставеното прашање е неприфатливо поради својот манипулативен карактер кој го крие вистинскиот исход од договорот со Грција, кој подразбира промена на името на државата во Република Северна Македонија и бришење на македонската историја и посебност. Воедно, отсуството на опозицијата и експертската јавност при усвојувањето на референдумското прашање, како и консултативната природа на референдумот кој овозможува политичко самоволие без разлика на јавното мислење, ги доведуваат во прашање законските и демократски стандарди на земјата“, се вели во соопштението на ОМД.

 

 

 

31.07.2018 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега